Акција

Акција

Откако ќе донесеме одлука, односно ќе поставиме цел мораме да превземеме Акција за остварување на таа цел, ‘’Само дејствувањето носи резултат’’, се останато е само желба или сон. Ако нешто знаеме, а не го примениме е исто како да не го знаеме. Разликата помеѓу она што го сакате и она што го имате е во она што го правите. Тајната на успехот лежи во тоа што го работиме кога никој не не гледа. За да можеме да ја оствариме нашата цел и да ги превземеме вистинските активности мораме да дефинираме две работи, и тоа:

првата работа е да ги дефинираме точно кои се тие работи што треба да ги правиме за да можеме да ја оствариме нашата цел;

 втората работа е да ги дефинираме кои се тие работи кои што всушност ги правиме во моментов, секојдневно.

Колку побрзо и повеќе ги доближиме овие две положби, односно да почнеме секојдневно да ги работиме вистинските работи, толку сме поблиску до остварување на нашата цел. Самодисциплината е клучен елемент и еден од најважните за успех, тоа е една од заедничките карактеристики на најуспешните луѓе во светот. Во секојдневните активности мораме да се однесуваме како работодавач, а не како работник, да не чекаме друг да ни кажува дека треба да ги завршиме нашите обврски, мораме да имаме самоинцијатива, огромна мотивација и доколку сакаме да постигнеме инзвонредни резултати мораме да бидеме посветени и конзистентни.

Не треба никогаш да се плашиме да превземеме акција, затоа што ние никогаш не губиме, или добиваме или учиме како треба наредниот пат.