Александар Петков

Александар Петков

Јас сум Александар Петков, оженет, татко на три малолетни деца(8,6 и 2 години).
Растев во просечна фамилија која се занимава со лозарство. Тоа е макотрпна работа која бара многу вложен труд и многу физички напор, а за возврат слаба финансиска поддршка и многу изгубено време. Растејќи во таква атмосфера образованието го продолжив во средно земјоделско училиште, но некако не се пронајдов во таа насока. Не го продолжив школувањето, се вработив во приватна фирма за спортско обложување каде работев 12 години без никаков личен раст и никаква слобода. Во меѓувреме се оженив, основав фамилија и финансиските потреби и слобода ми беа уште повеќе потребни.

Тогаш почнав да барам друг начин на заработка, односно како со помал труд да стигнам до поголеми финансии, а пред се слободно време за фамилијата.
Тогаш се сретнав со идејата Lyconet, ми изгледаше примамлива па почнав да се интересирам за мрежниот маркетинг се повеќе.

Постигнав кариерно ниво 4, за кратко време, напредокот беше се поочигледен и секој следен чекор поисплатлив, па затоа мојата визија стана подлабока и себе се гледам за брзо на самиот врв во оваа компанија.