Цел
19/08/2020 2020-11-14 8:29Цел
Цел
Дали може да погодите во нешто што не го гледате ? Исто е и во животот со нашите цели, не можеме да постигнеме нешто кое што не сме го дефинирале како цел. Човек без цел во животот еисто како авион без крајна дестинација за слетување, ќе лета низ облаците се додека има гориво и на крај ќе падне во некоја шума или океан. Затоа е од исклучителна важност во животот да имаме и да поставуваме постојано цели кои што ќе бидат нашата водилка. Многу често во животот, огромен број на луѓе, над 95% ги помешуваат поимите ‘’Желба’’ и ‘’Цел’’. Едно е да посакуваме нешто и да очекуваме да се случи, а друго е прецизно да го дефинираме тоа што го сакаме, да го поставиме како Цел, во детали опишана да ја ставиме на лист хартија, да направиме план и да тргниме кон остварување на истата.
Според големината на поставените цели луѓето можеме да ги поделиме во 3 групи и тоа: Песимисти, Реалисти и Визионери. Песимистите се луѓе кои што секогаш размислуваат негативно, поставуваат цели од типот ‘’А’’, односно цели кои со 100% сигурност знаат како се остваруваат, дури и предходно ги имаат остварено. Тоа се работи кои што тие знаат како се прават, ги правеле и предходно, а повторно ги поставуваат како цели. Поставувањето на ваков тип на цели и песимистичкото размислување никогаш нема да ја подобри нашата положба во животот и никогаш нема да го подобри квалитетот на нашиот живот.
Реалистите се луѓе на кои што најмногу им значи мислењето на другите луѓе, односно угледот кај другите луѓе, тие се движат според добро познатата фраза ‘’ Што ќе речат другите’’ и баш поради тие причини поставуваат цели кои што се лесно достижни и за кои што веќе имаат претстава како би ги постигнале. Тоа се цели од типот ‘’Б’’ кои што кога ќе помислиме на нив не добиваме никаква возбуда околу тоа како ќе ги оствариме или пак со нивното остварувањене ја добиваме посакуваната положба во нашиот живот. Тоа се луѓе таканаречени ‘’Медиокритети’’ кои што секогаш сакаат да бидат во право и немаат големи амбиции.
Ако сакаме да бидеме успешни во животот треба да поставуваме високи цели, кои што незнаеме во моментот како ќе ги оствариме, но со константна работа, труд, посветеност и истрајност, на крајот секако ќе ги постигнеме и само тие цели ќе го подобрат стандардот и квалитетот на нашиот живот. Секогаш тежнејте да припаѓате во третата група, тоа е групата на ‘’Визионери’’ или пак ‘’слепи следбеници’’ на Визионерите – најмалобројната група на луѓе во светот, околу 1 %, но тоа се луѓето кои што ја креираат иднината, иновациите, технолошките напредоци и новиот поредок во светот.