Фокус

Фокус

Многу полесно и побрзо се постигнува резултат и успех кога сме фокусирани во работењето отколку кога не сме, пример за тоа ни се сончевите зраци кои секојдневно не греат и осветлуваат и при тоа не запалуваат ништо околу нас, но само ако поставиме една лупа и снопот од зраци го фокусираме на лист хартија за кратко време ќе добиеме пламен. Ситни и мали секојдневни работи носат големи резултати.

Мораме да имаме листа на работи кои што доколку ги правиме редовно ни помагаат и сме поблиску до остварување на нашата цел и листа со работи кои доколку продолжиме да ги правиме не дефокусираат и не оддалечуваат од постигнување на нашата цел. За да бидеме максимално фокусирани и посветени во остварување на нашата животна цел, на нашите соништа, мораме да го имаме пронајдено нашето ‘’Зошто’’. Помалку е важно Што работиме и Како го работиме тоа, ако знаеме Зошто го работиме и дека постигнувањето на таа цел ќе ни донесе огромни резултати, ќе ни ги промени стандардите, квалитетот на живот, остварување на животните желби и сл.

Најдете ги и запишете ги сите оние работи за кои што навистина вреди да се посветите, за оние работи за кои ќе бидете благодарни доколку ја остварите Вашата цел, за животот кој што ќе може да го живеете, за местата кој што ќе може да ги посетите, за личноста во која што ќе се претворите, за инспирацијата која што ќи им ја пренесете и на другите околу Вас за промена. Кога сме фокусирани на остварување на нашите цели не забораваме дека треба секојдневно да превземаме Акција, не забораваме дека секојдневно треба да акумулираме ново знаење, едноставно фокусот е тој кој што го дефинира правецот на нашето дејствување секој ден. Фокусот е тој што менаџира со нашето време, дали го трошиме времето на нехитни и небитни работи, на хитни но исто така небитни работи, или пак набрзина ги завршуваме хитните и битни работи, оние неодложните, а пак најголемиот акцент го ставаме на нехитни во моментот но многу битни работи за нашиот живот, нашата мисија, нашите цели, воопшто за сите оние работи кои што сме ги дефинирале во нашето ‘’Зошто’’. Клучот до успехот е да се фокусираме на целите, а не на предизвиците и препреките.