Истрајност
19/08/2020 2020-11-14 8:38Истрајност
Истрајност
Добрите работи им се случуваат на оние кои веруваат, уште подобри работи им се случуваат на оние кои се трпеливи и најдобрите работи им се случуваат на оние кои никогаш не се откажуваат. Истрајноста т.е. упорноста е еден од клучните елементи за остварување на нашите цели, можеме некогаш да завршиме 99% од потребните работи, но на 1% пред постигнувањето на успехот ако застанеме или се откажаме, се паѓа во вода, целиот ангажман од предходно е залуден.
За да бидеме истрајни во постигнувањето на нашата цел мора добро да ја разбереме следнава мисла ‘’Венчај се за процесот, а разведи се од резултатот’’. Значи биди посветен во работењето на предходните чекори, работи на личниот развој, работи на својата цел и успехот е неизбежен. Конзистентноста во работењето е важна затоа што не постои растение кое што доколку би престанале да го поливаме редовно, би продолжило да живее, а пак уште помалку да вегитира и расти. Најдобар пример за истрајноста која што треба да ја имаме како карактеристика во нашиот животе кинескиот бамбус, растение кое што од моментот кога се посадува цели 4 години не вегитира над површината на почвата.
Во тие први 4 години кинескиот бамбус исклучиво само го развива кореновиот систем, под услов доколку редовно се полива со вода и добива хранливи материи преку почвата. Ако само одреден временски период во тие први години се прекине со процесот на поливање тоа ќе значи и уништување на тоа растение, но исто така и спротивното, доколку бидеме истрајни и полеваме континуирано до 5 – тата година, потоа бамбусот преку ноќ почнува да вегитира и тоа за само 5 недели израснува цели 27 метри, 40-45 см на ден, процес кој што дури можеме да го забележиме како се случува со нашите очи. Така е и со се во нашиот живот, бидете доволно време истрајни, полевајте редовно и неизбежно е дека ќе уживате во плодовите.