Никола Тодоров

Никола Тодоров

никола

...Како студент на Економски Факултет, департман менаџмент, на крајот на моите студии во 2009 година, решив да ја искористам шансата и да аплицирам за програмата за студенти "Work and Travel" по што добив виза и отидов во САД. Таму се задржав повеќе од 6 години, а работев разни работи, кои најчесто беа платени по учинок. Но во САД не ми се допадна начинот на живот, бидејќи немав никакво слободно време, не остануваше време за семејството а годишен одмор скоро и да не искористив. Па така на крајот на 2015 година решив и се вратив во Македонија. Веднаш се вработив во една Транспортна компанија со седиште во Скопје. Платата беше одлична, а работното место беше регрутирање возачи и партнери-соработници. Работното време од 8 до 17 најчесто не беше доволно за да ги завршам секојдневните задачи, бидејќи патував низ цела Македонија и вршев интервју на неколку луѓе на ден од разни градови. По 15 месеци работа и прекумерно секојдневно патување, видов дека повторно како и во САД немам слободно време. Така решив да почнам сопствен бизнис. Основав своја транспортна компанија. До тогаш не знаев што се проблеми. На секој први во месецот мора да се мисли за плати, регистрации, превоз на возачите, осигурување, даноци, независно од учинокот дали од транспортот е направен доволен обрт за да се затворат сите "дупки".

Во меѓувреме на крајот на 2016 година, многу близок пријател на моето семејство ме покани на еден Lyconet – бизнис информативен настан. Ова беше првата моја средба со една уникатна лојална програма која што ги побрзува потрошувачите и трговците. Се што разбрав на тој настан е дека може да се стигне до “пасивен прогресивен приход”. Веднаш станав Lyconet независен маркетер, бидејќи знаев дека се додека се трошат пари оваа програма ќе функционира. Активен сум повеќе од 3 години. Веќе имам атрактивни месечни заработки (500€ + ) и сум на добар пат да станам финансиски слободен човек. Преку Lyconet запознав прекрасни луѓе од кои учам секојдневно, научив како да им помогнам на многумина, а најдобриот дел за мене е тоа што почнав да се едуцирам повеќе и да растам како личност. Уште една придобивка е што научив да поставувам цели и да бидам поодлучен.
Научив и како да се носам со промените, односно да бидам дел од нив. Сега за мене е предизвик да прифатам нешто ново, нова идеја, нов тренд, нов начин на живеење… и затоа знам дека иднината ќе биде поинтересна и повозбудлива со сите огромни промени што во последно време ни станаа дел од животот.
Совет до секој што сака да постигне успех во својот живот:
Пристапувајте со отворен ум на секоја идеја, која можеби е шансата да си го промените животот. Погледнете со окото на умот и имајте визија за иднината -каде се движи светот. Не дозволувајте друг да одлучува за вас, носете ги одлуките брзо и решително, поставете висока цел и преземете акција за нејзино остварување. И секогаш настојувајте прво вие да си помогнете сами на себе, за потоа некој друг да може да ви помогне!