Одлука

Одлука

Моменталната ситуација во која се наоѓаме сега во нашиот живот е резултат – плод на одлуките кои што сме ги донеле на свесно или пак несвесно ниво пред неколку години, а пак ситуацијата во која што ќе се наоѓаме после неколку години, исклучиво зависи од Одлуките кои што ги носиме во моментов. Внимавајте да не паднете во замката ‘’Не носам Одлука’’, т.е. не превземам ништо – не носењето одлука е всушност одлука. Значи сте донеле одлука да продолжите да функционирате според предходно донесените одлуки.

Ако сакате да ја промените Вашата моментална состојба во животот, финансиска, умствена, физичка, да поминете од состојбата ‘’А’’ во состојбата ‘’Б’’ – таа во која што сакате да бидете или да прераснете во друга личност, морада донесете одлука, се во животот започнува со одлука. Наполеон Хил рекол: ‘’Се што човечкиот ум може да замисли и да поверува во истото, може и да го оствари’’, значи се што човекот ќе одлучи да направи, порано или подоцна, со помал или со поголем труд, во секој случај ќе го оствари.Не можеме да направиме нешто ако не одлучиме да го направиме тоа. Нека Ве води Вербата за Успех, а не сомнежот и стравот…