Петар Стојанов

Петар Стојанов

Јас сум Петар Стојанов, роден 18.04.1958 година во Кавадарци, сопруг на Велјанка и татко на три ќерки, а веќе и дедо на неколку внучиња, во исто време и пензионер.
Средно-полициско школо завршив во 1977 година и започнав со работа како полицаец во ПС – Кавадарци, а во наредните години паралелно со работата најпрвин завршив Виша школа Безбедност, па потоа и комплетно заокружување на Високото образование, односно дипломирав на факултетот за Безбедност. Во исто време со посветеност во работењето напредував по хиерархија и наскоро по завршувањето на Курсот за командири бев назначен за Командир на Сообраќајната полиција каде што поминав 26 години од вкупните 30 години ефективно работење пред да заминам во пензија. Тоа што го изразуваше мојот карактер и задржувањето толку долго на раководна позиција беа принципите кои што ги применував, односно Бев строг – но правичен строг, бев принципиелен и бев еднаков за сите. За време на целата служба доживеав многу предизвици, немили сцени и случки и што ли уште не, од кои ќе одвојам една, а тоа е за време на воениот конфликт 2001 година преживеав хелихоптерска несреќа, за среќа и фала му на бога иако со сериозни повреди сепак останав жив. 

Нешто кое што не ми се допаѓаше и најмногу ми сметаше е тоа што во последните години политиката премногу се замеша во работењето на полицијата, истото беше побарано и од мене да се определам партиски за партијата на власт, а откако одбив и јавно кажав дека сакам да останам професионалец бев сменет од раководна позиција и последните неколку години од службата ги поминав како инспектор, но сепак со чиста совест и како професионалец и сеуште цврсто стојам на ставот дека во полиција и во било која институција треба да раководат способни и стручни кадри, а не партиски послушници.

Откако се пензионирав почнав да размислувам како да го исполнам моето време бидејќи бев научен да секој ден имам обврски и допринесувам со нешто, а не така да ми поминува времето, почнав да размислувам како да створам повеќе приходи од мојата пензија за да им оставам нешто во наследство на моите потомци и така се случи. Мојот колега Страшо Тодоров со кој што делевме иста канцеларија последните неколку години пред да одам во пензија ме запозна со бизнис можноста Lyconet и најважното стана мој личен ментор кој што до ден денес ми помага и ме води во работењето и развивањето на овој бизнис. Во овој момент слободно можам да кажам дека со работењето во полиција цел животен век дојдов до скромна просечна Македнонска пензија, а пак со некоку години работење на Lyconet можноста веќе дојдов до месечни пасивни заработки адекватни на ‘’Германска’’ пензија, кои што постојано се зголемуваат бидејќи овој бизнис нема лимит. Тоа што го видов преку оваа платформа е дека навистина нема лимит во заработките и ни овозможува неограничени достигнувања во секое поле од нашиот живот и знам дека во Иднина полколенијата после мене ќе бидат благодарни и ќе ме паметат Вечно, односно ќе кажуваат за нивниот дедо, прадедо, пра-пра дедо Перо, кој што биле еден од ретките луѓе кои што имале голема Визија и благодарение на тоа им овозможил да го нследат сето тоа богатство со кое што располагаат сега.
Мојата парола е следнава: ‘’Ако јас како пензионер можам да постигнам успех во Lyconet – тогаш секој еден може’’.