Станко Јанев

Станко Јанев

Јас сум Станко Јанев, роден сум во св.Николе каде што живеев до своја 15 годишна возраст. Уште од мал размислував дека ако останам да живеам во таа средина, во тоа сиромашно неразвиено место ќе имам тежок сиромашен живот и затоа почнав да размислувам да заминам во друг град т.е. да барам друга средина за подобар живот. Се запишав полициско училиште каде што по завршувањето како полициски службеник животот го продолжив во Кавадарци. По две години се оженив и добив два прекрасни сина кои сега се одомени. По неколку години работа како полициски службеник со платата што ја имав едвај го поминував месецот и сватив дека ако не превземам нешто да работам дополнително, ќе останам цел живот да преживувам месец за месец.
Решив да започнам дополнителна работа да си ги подобрам условите за животот, купив камион кипер за превоз на песок, работев две години со него, па отворив продавница за бои и лакови во св.Николе, која добро работеше две години, но се појави нелојална конкуренција и морав да прекинам, но од таму произлезе да се занимавам со производство и продажба на гасена вар, каде полека за неколку години направив свој погон за производство и ја дистрибуирав во трговијата за бои и лакови низ цела Македонија.

 Во меѓувреме почнав и со пчеларство кое што го негувам и ден денес. Иако бев на државна работа и се занимавав со повеќе дејности (бизниси) имав еден просечен стандард и просечен живот.
Две години пред да се пензионирам, односно пролетта 2013 година, за време на работа, при една кафе пауза, од двајца мои колеги се запознав со тогаш една нова идеја за мене, односно за платформата на Cashback и Lyconet. Иако предходно ништо не знаев за Мрежен Маркетинг решив да им се придружам на колегите, па низ работата да учам. Увидов дека ние луѓето сакале или не мораме да пазаруваме, а од секојдневните пазарувања и услуги што ги правиме имаме можност да заработуваме.
Заедно со колегите, кои ме запознаа со бизнисот ден за ден напредувавме и денес гледајки од постигнатото стануваме независни луѓе, т.е. слободни луѓе со пасивен прогресивен месечен приход кој што во моментов е неколку пати поголем од пензијата која што ја добивам, работејќи ефективни 31 година во МВР.
Во моментов, 100% сум фокусиран исклучиво на овој бизнис и со секојдневни препораки ја градиме компанијата и несебично им помагаме на што поголем број на своите блиски роднини, пријатели и познаници, пред се да им ја пренесеме идејата за оваа фантастична бизнис можност и истата да ја пренесат и тие на своите блиски роднини и пријатели и да си ја подобрат својата финансиска состојба (станат независни преттприемачи).