Страшо Тодоров

Страшо Тодоров

Роден 29.02.1984 година во Кавадарци, среќно оженет, татко на 2 сина и една ќерка.
Од мал бев воспитуван биди примерен на школо, учи, заврши факултет – тоа ќе ти донесе диплома, сигурна работа и ќе имаш убав живот - ‘’Песна’’.
Но, 2006 година откако дипломирав на Воена Академија и се вработив во МВР како инспектор по општ криминал, увидов дека тоа што ме советувале моите родители, за што сум им крајно благодарен, е сосема ОК, но истото било само теорија, во пракса се покажа дека јас добив просечна македонска плата со која што единствено само можев да преживеам, а не да живеам како што сакам, дури ‘’понекогаш’’ кое што почна да станува ‘’почесто’’, и да незнам како да преживеам со фамилијата до наредна плата, иако дополнително работев и лозарство и овоштарство, многу напорна работа, а многу мали заработки.
Баш поради таа причина, за егзистенција и подобар живот на мојата фамилија почнав да размислувам за дополнителна работа, односно дополнителни приходи, а во животот секогаш е така, ако не бараме нема да најдеме, ако бараме, кога – тогаш ќе ни се даде. 

        Мене бог ми го испрати мојот најдобар колега, пријател, ментор.... Илија на кој што ќе му бидам вечно благодарен што ме запозна со идејата за Cashback World и Lyconet и ми долови дека имаме можност да заштедиме одредена сума на тоа што и онака го трошиме секој ден, но исто така и да заработиме кога целиот свет пазарува. Почнав со буквално без било какви предзнаења и познавање за овој бизнис и овој концепт на работење, но со верба, трпеливост и упорност за неколку години дојдов до навистина атрактивни месечни пасивни приходи, поголеми од мојата годишна плата во МВР и затоа на почетокот на 2018 година самоволно ја напуштив работата и сега слободно можам да кажам за мене дека сум ‘’невработлив човек’’, кој што работи кога сака, колку сака, со кој сака, каде сака и најважното – доколку сака, а при тоа имам пасивни месечни заработки кои што од ден во ден се зголемуваат. Затоа сега во моментот единствена моја мисија е да ја пренесам оваа идеја и да им помогнам на што е можно поголем број на луѓе да го постигнат истото се додека има можност за заработки и веќе не е доцна за приклучување во овој бизнис ... Бизнис на 21-от Век.