Знаење

Знаење

Најголемата и најмоќната инвестиција која што можеме да ја направиме во животот е инвестицијата во себе. Незнаењето е корен на сите зла – Платон. Формалното образование може да ни овозможи да преживееме, неформалното образование – самоедукацијата ќе ни обезбеди богатство. Ако сакаме да ја промениме моменталната положба во која што се наоѓаме во нашиот живот мораме да акумулираме ново знаење, мораме да станеме подобри личности.

Досегашното знаење и досегашниот личен раст и развој не довеле до положбата во која сега се наоѓаме, новото знаење т.е. личниот развој ќе не однесе на друга повисока положба. Адекватно на ова не можеме да ги решиме проблемите со истиот ум со кој што сме ги создале, мораме да пораснеме како личности на повисоко ниво па да ги решиме тие проблеми. За акумулирање на ново знаење и станување на подобра и поуспешна личност, мораме да направиме инвестиција во време, пари, проширување на нашата комфорт зона и Баланс т.е. менаџирање на приоритети во животот. Тајната на успешните луѓе е што континуирано апсорбираат ново знаење и никогаш не престануваат да работат на себе на својот личен раст и развој, поставуваат цел секој нареден ден да бидат барем за мал процент подобра личност од вчерашниот ден, не се споредуваат и натпреваруваат со никој друг, освен со самите себе.

Медалот се освојува на тренинг, на натпреварот само одиме по него.